ПСЖ не знае да победи без Ибрахимовиќ

Најинтересниот неделен натпревар од 33. коло во француската Прва лига, дуелот на “Стад Жерланд” помеѓу петопласираниот Олимпик од Лион и лидерот на првенствената табела, ПСЖ, заврши со минимален триумф на домаќинот од 1:0.

Домаќинот дојде до посакуваните три бода со погодокот на 22-годишниот играч за врска Џордан Фери.
Без победник, 2:2, заврши дуелот помеѓу екипите на Римс и Сент Етјен, а пресметката помеѓу новајлиите во елитното друштво, Нант и Генгамп заврши со минимален триумф на домаќинот од 1:0.