Саудиска Арабија отвори јавно кино по 40 години

Саудиска Арабија ја отври првата комерцијална кино сала во изминативе 40 години со прикажување на холивудскиот блокбатсер „Црниот пантер“.

Киното е отворено во главниот град Ријад и претставува уште еден чекор во промените што ги презеде крунскиот принц Мухамад бин Салман кој вети дека ќе ја реформира земјата на културно поле, но и во надминувањето на нејзината економија од извозот на нафта.

На кино претставата присуствувале и мажи и жени и со неа заврши 40 годишната забрана на јавни кино сали. Во наредниве 12 години е планирано да бидат отворени уште 300 кино сали.