„Филаделфија“ со брејк го врати водството против „Мајами“

„Филаделфија“ го врати водството во серијата против „Мајами“ со 2:1, а актуелниот шампион „Голден Стејт“, како и „Њу Орлеанс“ остварија трети победи против своите ривали во првото коло од доигрувањето во НБА лигата.

Во Мајами гостите од Филаделфија со брејк ја вратија предноста што ја загубија на домашен терен откако славеа со убедливи 108: 128 предодени од Џоел Емби кој постигна 23 поени. Тој играше со заштитна маска по пауза од десет натпревари, а „Севентисиксерси“ во последниот период направија 14:34 и дојде до водство во серијата. Голема помош на Емби му беше Хрватот Дарио Шариќ кој постигна 21 кош. Кај домаќините се истакна Словенецот Годран Драгиќ, кој постигна 23 поени, четири повеќе од резервистот Џастин Винслоу, кој додаде и десет скока.

Во Сан Антонио домаќинот го предводеше Еторе Месина, кој го замени на клупата Грег Поповиќ, чија сопруга почина на еден ден пред натпреварот. Во натпреварот во кој на малкумина кај домаќините им беше до кошарка, шампионот славеше со 97:110. „Вориорси“ настапија без капитенот Стеф Кари, а повторно најефикасен беше кевин Дурант со 26 поени, следен од Клеј Томпсон со 19 поена. Кај „Спарси“ најдобри беа Ламаркус Олдриџ со 18 поени и десет скока и Тони Паркер со 16 коша.

Во Њу Орлеанс домашниот тим славеше со 119:100 и го донесе Портланд, третотопласираниот тим на Западна конференција, на работ на елиминација. Кај „Пеликаните“ одличен беше Црногорецот Никола Миротиќ. Тој постигна личен рекорд во однос на настапите во плеј-офот со 30 поени, 8 скока и 2 асистенции. Кај гостите најефикасен беше С.Џ. МекКолум со 22 поена и Ал-Фарук Амину со 21 поен и 8 скока.