
Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе се пресели во Берлин, пишува австрискиот весник „Ди Пресе“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нападна работата на американскиот милијардер со унгарско потекло, обвинувајќи го за мешање во внатрешните работи на земјата и за помагање на опозицијата. Орбан се залага за построга легислатива за работата на невладините организации, потег што е критикуван од меѓународната заедница.