
Владејачката партија е фатена во криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ. Наместо транспарентна и редовна постапка раководството на ЕЛЕМ под сомнителни околности склучи милионски договор во четири очи, тврди во својата реакција опозициската ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ треба да одговори зошто фирмата СВ-Инвест ќе добива 197 денари за работник по час, за услуга за која претходно беше наплаќано само 120 денари. Кои услови се сменија и зошто цената одеднаш скокна за цели 77 денари. Дали личното и блиско пријателство на новиот директор на РЕК Битола со сопственикот на СВ-Инвест, беше причината за поништувањето на транспарентната и јавна постапка? – прашуваат од ВМРО
Во реакцијата се вели дека јавноста не доби одговор и на тоа зошто раководството на ЕЛЕМ најмува фирма со која РЕК Битола досега нема соработувано, а истата е регистрирана за трговија и градежништво и во делокругот на нејзиното работење не е предвидено изнајмување на работници.