Тимот на Арсенал славеше убедлива победа против Вест Хем

Арсенал со победа против најголемиот конкурент во групата, Баерн Минхен тргна во потера на пласман во следната рунда од ЛШ

Во првиот дел имаше неколку прилики, но мрежите на Оспина и Харт не се тресеа.

Во второто полувреме донесе доста подобра игра и дури пет гола. Домаќините стигнаа во водство уште во 51. минута со голот на Начо Монреал.

Вест Хем изедначи во 64. минута преку Марко Арнаутовиќ, а ново водство на Арсенал донесе Рамзи во 82. минута. Велшанецот центрираше, а Харт и Деклан Рајс не се договорија најдобро, па топката заврши во мрежата на гостите.

Работата ја заврши Александре Лаказет со два погодоци во 85. минута и 90. минута.

Во вториот натпревар денес, Стоук и Барнли ги поделија бодовите играјќи 1:1. Со овој бод Стоук е се подалеку од опстанок во најелитното друштво во Англија.