
Одборот за човекови права, правосудство и внатрешни прашања на Европскиот Парламент соопшти дека унгарската влада треба да биде санкционирана поради непочитување на демократијата и владеењето на правото.
Одборот издал препорака против Унгарија да се покрене дисциплинска постапка која би можела да доведе до губење на правото на глас во Европскиот совет.
Холандската пратеничка во ЕП, Јиргит Саргентини, рекла дека унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе подолго време ја поткопува независноста на правосудството, слободата на медиумите и основните човекови права. Таа навела дека постапката треба веднаш да почне, наведувајќи дека победата на партијата на Орбан покажува дека унгарската влада нема во скоро време да го смени правецот.
Орбан на изборите на 8 април освои четврти мандат. Неговата партија Фидес освои двотретинско мнозинство во парламентот.
Полска во декември стана првата членка на Европската Унија на која и се заканува одземање на правото на глас поради непочитување на европските закони.