
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Р. (20) од скопското село Визбегово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Врз основа на судска наредба, полициски службеници вчера извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. во Визбегово. При претресот биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја. Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а Б.Р. бил лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор.
Од вештачењето било утврдено дека раститената материја претставува наркотична дрога марихуана со маса од околу 1,9 килограми.