Опожарени три автомобили во Бутел

Три автомобили биле опожарени утрово во скопската населба Бутел, информираше МВР.

Според полицијата, половина час по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улицата Боро Менков, од засега непознати причини избувнал пожар во автомобил „Застава“. Возилото, чиј сопственик не е познат, било оставено подолго време на паркингот.

„Заставата“ во пожарот целосно изгорела, а пламенот се проширил и на соседните возила. Автомобил „форд ескорт“, сопственост на Б.Л. од Скопје бил опожарен од левата страна, а автомобил „југо“, сопственост на Л.А. од Скопје, било опожарено од десната страна. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.