
Кочо Анѓушев, сопственикот на компанијата за продажба на струја ЕДС и Манолис Панајотакис, извршниот директор на Грчкото електростопанство ППЦ потпишаа договор за купопродажба.
Македонската компанија е продадена за 4,8 милиони евра. На договорот претходеле извештаи на двe ревизорски куќи кои ја процениле компанијата на над 5 милиони евра.
-За мене е ова и тажен и среќен ден. Среќен зашто компанијата оди во добри раце а тажен затоа што ја продавам а таа е мое дете, рече Анѓушев пред потпишувањето на договорот.
-Знаеме дека преземаме успешно претпријатие, и сакам да му порачам на Анѓушев дека фирмата ја остава во вистински раце, изјави Панајотакис.
Анѓушев, кој е вицепремиер за економски прашања во македонската влада, беше под притисок на јавноста да се откаже од сопственоста на компанијата трговец со струја за да нема конфликт на интереси.