Урко имал главоболки и си го расипал видот од шофершајбната

Висока температура и старост се проблемите на стариот „мерцедес“ со кое го превезувале екс премиерот Груевски пред луксузниот мерцедес, а ја даде неговиот поренешен шеф на обезбедувањето, Дејан Митревски Урко. Често имало дефекти, гумите биле стари, а од климата и од ветробранскотостакло имал главоболки, сведочеше Митревски во „Тенк“.

 

Ветробранското стакло почна да прави диоптрија. Бидејќи седам напред со возачот, по целодневните возења имавме проблеми со главите. Се јавив во фабриката, ми потврдија дека ветробранското стакло не може да се смени, затоа што моделот на возилото е стар, не се произведува повеќе и дека од дијоптријата може да ни се расипе видот. По ова отидов на преглед и ми констатираа оштетувања на видот, сведочеше Митревски.

Митровски кој се уште работи во МВР, рече дека како одговорен за безбедноста на премиерот од првиот ден инсистирал да се купи ново возило, Груевски не прифаќал со образложение дека имаат и други автомобили а позајмувале и од други функционери, но успеал да го убеди по 7 години.  И тој како и поголем дел од обезбедувачите кои се сведоци на одбраната, преку конкретни ситуации и примери говореа дека старото било небезбедно и имало потреба да се купи ново.

СЈО во „Тенк“ го оспорува начинот на кој се вршела јавната набавка, односно дека постапката била незаконска, се фаворизирала конкретна фирма за да победи однапред договорениот мерцедес од 600 илјади евра. Денеска беа сослушани и двајца вештаци за кој адвокатите бараа да не се прифати вештачењето. На една од паузите додека судиите одлучуваа по приговорите, Груевски со адвокатскиот тим во соседното кафуле ја договараа натамошната стратегија на одбраната.