Ким по историската средба: Новата историја почнува сега

После историското преминување на границите на лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг Ун ја посети Куќата на мирот каде се запиша во книгата за гости. Во книгата тој напиша: Новата историја почнува сега. Време на мирот, почеток на нова историја“.

Разговорите траеја речиси часа зад затворени врати во редизајнираната сала за состаноци. Во изјавата за медиумите пред состанокот, Ким, изјави дека сака да ја потсети претседателската Сина куќа во Сеул.

Мун му кажа на Ким дека, ако дојде во Сеул, воената почесна гарда ќе биде многу поголема од денешната. Ким изјави дека е подготвен да дојде било кога“, изјави гласноговорник на јужнокорејскиот претседател.

За време на ракувањето новинарите успеале да слушнат дел од разговорот кој се одвивал. Двајцата лидери рекоа дека им е многу драго што се запознале.

Моето срце не престанува да трепери поради средбата на оваа историска локација. Почестен сум што дојдовте до воена демократска линија за да се поздравите со мене“, изјави Ким.

Мун порача дека Ким донел храбра одлука да дојде на оваа територија.

Ова е историски момент“, порача јужнокорејскиот претседател.

Помладата сестра на Ким, Јо Јонг, беше единствената жена помеѓу шесте делегати кои седеа на преговарачката маса. Водеше записник и внимателно го забележуваше целото она што го зборуваше нејзиниот брат.

Разговорите траеле 100 минути и биле искрени и љубезни, а се однесувале за денуклеаризација на корејскиот полуостров. Се дискутирало и за траен мир и за изнаоѓање на начини за унапредување на односите, соопштија тамошните медиуми.

Исто така, Ким се извини поради тоа што им го пореметувал сонот на Јужнокорејците со нуклеарните тестови минатата година.

Повеќе нема да ви го пореметуваме сонот во раните утрински часови“, изјави Ким, мислејќи на ветувањето кое го даде дека ќе прекине со изведување на нуклеарни тестови.

Мун оцени дека овој разговор поминал одлично и додаде дека ова е подарок за светот.

Сопругата на Ким се очекува да пристигне вечерва, кога ќе биде организирана гала вечера.