
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џаe Ин денеска се согласија да ја прекинат војната која треа седум децении и да работат на „целосна денуклеаризација“ на Корејскиот полуостров, објави Блумберг.
Двајцата претседатели го објавија договорот по историскиот состанок на границата на две држави, прв во кој лидерот на Северна Кореја премина на територијата на југ. Земјите технички се во војна од 1950 година, а мировниот договор никогаш не е официјално потпишан.
Ким и Мун рекоа дека ќе имаат воени разговори следниот месец и ќе бараат „постепено разоружување“, но не дадоа повеќе детали. Тие ги објавија плановите за официјално прогласување на воената резолуција и до крајот на годината да го претворат тековното примирје во мировен договор.
Јужна и Северна Кореја се согласија да вложат напори да добијат поддршка и соработка од меѓународната заедница за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, се вели во соопштението.