Принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ своето трето дете, родено во понеделникот му го дале името Луис Артур Чарлс, извести во петокот Кенсингтонската палата.
„Детето ќе го носи службениот назив Негово кралско величество принц Луис од Кембриџ“, се наведува во соопштението.
Во понеделникот утрото во 8,22 часот Кенсингтонската палата објави дека војвотката од Кембриџ била примена во родилиштето Света Мери во Лондон, а родила во 11 часот по британско време.
Кејт и првите две деца – принцот Џорџ кој сега има четири години, и принцезата Шарлот која наскоро ќе наполни три години, ги роди во истото родилиште, и тоа во болничкото крило Линдо коешто гарантира приватност како и врвна услуга.
Принцот Луис од Кембриџ е петти во наследната низа на британскиот трон.