Сончевo и топло, попладне можен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневна температура ќе изнесува од 23 до 30 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне се очекува локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток. УВ-индексот ќе биде 6.

И во Скопје се очекува сончево време со температура до 29 степени.

Слично време проследено со сонце и температури до 30 степени се очекува и в недела.