-0.2 C
Skopje
понеделник, декември 30, 2024

Документи: Ќерката на Џафери во ЕЛЕМ вработена со средно, синот на Грчев без никакво образование

Минатата недела Лидер го откри скандалот дека без оглас, децата на Џафери и Грчев се вработиле во ЕЛЕМ на позициите „Правник“ и „Инженер за животна средина“, но според новите податоци, тие воопшто не се квалификувани за овие позиции, затоа што во образците за нивното вработување, до кои стигна Лидер, воопшто не е наведено образованието барано за овие функции.

Во ЕЛЕМ, Бесија Џафери, ќерка на претседателот Талат Џафери е вработена со средно стручно образование, матурант од Гимназија.

Од друга страна, Димитар Грчев, син на архитектот и советник во Министерството за Култура, Мирослав Грчев, е вработен без во образецот да му биде наведено било какво образование. Младиот Грчев, ќе биде инженер без за тоа да прикаже диплома за било какво образование.

Претседателот на Собранието, Талат Џафетри, во емисијата Топ Тема изјави дека неговата ќерка ги исполнила сите услови за да биде вработена во ЕЛЕМ, на позицијата правник. Како тоа лице со средно образование може да биде правник во оваа државна компанија? Останува непознато.