Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, меѓу другите, го дал и ветувањето дека стрелките на часовникот во Пјонгјанг ќе ги помести нанапред за 30 минути за да го усогласи севернокорејското време со јужнокорејското, во петокот во текот на самитот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ун, објави официјален Сеул во неделата.
Двете Кореи се во различни временски зони од 2015 година, кога Северот ненадејно објави дека сите часовници во земјата ќе бидат вратени за 30 минути, наназад. Пјонгјанг тогаш појасни дека сака да прекине со мерењето на времето коишто пред повеќе од еден век јапонските колонизатори и за да ја одбележи 70-годишнината од ослободувањето од јаремот на Токио.
Според Јун Јанг-чан, портпаролот на кабинетот на јужнокорејскиот претседател, Ким ветил дека ќе ги врати севернокорејските часовници на претходното време по повод историскиот самит со кој стана првиот севернокорејски водач кој стапил на јужнокорејската територија по Корејската војна којашто траеше од 1950 до 1953 година.
Ким појаснил дека смета оти е „жално“ да се гледаат двата часовника со различни времиња во просторијата каде што се одвиваше средбата во Панмунџом, селото во Демилитаризираната зона којашто го дели полуостровот.
„Имајќи предвид дека ние сме тие кои го промениле стандардното време, ќе се вратиме на оригиналното време. Можете тоа јавно да го објавите“, изјавил Ким, според јужнокорејскиот портпарол кој ја поздрави оваа „симболична мерка“.