Македонската полиција и денеска ќе продолжи да трага по телата на двајцата косовски полицајци, кои излетаа вечерта во сабота во реката Лепенец од косовска страна. МВР се вклучи во потрагата поради претпоставка дека е можно реката да ги однела телата на македонската страна од границата.
Двајцата полицајци се дел од полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.
Дваесет и шестгодишниот Малсор Даши и 23 годишниот Арменд Трена излетаа од автопатот во реката.