
Корисниците од ул.„Костурски херои“ во општина Центар задутре (2 мај) ќе имаат прекинато водоснабдување од 8:30 часот до завршување на дефектот, информираа од ЈП Водовод и канализација.
Истиот ден корисниците од село Моране можно е да имаат прекин во водоснабдувањето од 9 часот до завршување на дефектот.
Прекинот во снабдувањето со вода е поради водоводен уличен дефект Ф 100мм на ул.„Костурски херои“ бр.6 и поради чистење и хлорирање на резервоар Моране (викенд населба).