
На деветнаесетгодишната Алиса Ломел од Минесота минатата година и се ампутирани двете стапала и сите прсти откако во пијана состоја заспала надвор на температура под нулата.
Нејзината телесна температура паднала на само 26 степени и која ја пронашле повеќето не верувале дека ќе преживее поради хипотермијата.
Единствена шанса и била ампутација на прстите на рацете и нозете за да се поттикне циркулацијата. За да ја спасат лекарите ја исекле по стомакот за да и ги прошират белите дробови. Несреќната девојка не се сеќава на трагичниот ден, заборавила дека одела на училиште и на работа.
-Подобро што се заборавив. Не сакам да се сеќавам и сакам да продолжам со животот – искрена е Алиса. Таа денеска може сама да се нашминка, да пишува пораки на телефонот и сама да се истушира, а дури планира и да живее сама.