Седумина убиени во Либиската изборна комисија

Најмалку седум лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец на Либиската изборна комисија во Триполи, соопшти портпаролот на комисијата, Калед Омар.

Загинаа  седум лица- тројца раководители на Комисијата и четворица припадници на безбедносните сили, изјави Омар.

Тој претходно изјави дека група милитанти, вклучително и бомбашот-самоубиец, членови на Исламската држава,  ги нападнале просториите на Либиската изборна комисија во главниот град.