Специјалниот обвинител му се заканил на Трамп со судска принуда да сведочи

Американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер предупредил дека би можел да му нареди на претседателот Доналд Трамп да сведочи во рамките на истрагата за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година, пренесуваат американските медиуми.

Ваквата можност специјалниот обвинител Роберт Мјулер ја истакнал во текот на разговорите со адвокатите на американскиот претседател во март годинава.

Заканата за издавање на судски налог (сабпина – subpoena) наводно наишла на остар одговор од еден од поранешните адвокати на Трамп. Според американските медиуми, најверојатно станува збор за прво изнесување на таквата можност од страна на специјалниот иследник и обвинител Мјулер.

Адвокатите на Трамп инсистирале во текот на тој состанок дека претседателот на државата не е обврзан да одговара на прашањето на сојузните иследници поврзано со истрагата за наводното руско мешање во изборите, пишува The Washington Post.

Меѓутоа, тимот на Мјулер наводно одговорил дека и издаде ткн „сапина“ доколку Трамп одбие да одговори на прашањата. Се согласиле да им дадат на адвокатите на претседателот одредени информации за прашањата коишто сакаат да му ги постават на Трамп.

Поранешниот адвокат на американскиот претседателот, Џон Доуд, исто така, рекол дека Мјулер ја споменал можноста да се принуди Трамп да сведочи.