
Кошаркарите на „Јута џез“ го победија „Хјустон рокетс“ на гостувањето со 116:108, па така израмнија на 1-1 во полуфиналето на Западната конференација.
Иако беа аутсајдери, гостите одлично ја отворија средбата и на крајот на првата четвртина направија предност од десет поени. Тоа водство во вториот период порасна до максимкални 19 и тука можеше да се „намириса“ брејкот.
Сепак, домаќините се потрудија во продолжението од мечот и направија целосен пресврт, па имаа предност од пет поени. Но, ниту тоа не беше доволно, зашто Јута се извлече во последната четвртина и стигна до конечни 116:108.
До триумф ги водеше Џо Инглс со 27 постигнати поени, додека кај домаќините најефикасни беа Џејмс Харден со 32 и Крис Пол со 23 поени.