Кокошков нов тренер на „Феникс Санс“

За прв пат во историјата на НБА се случи тренер на клуб во најсилната кошаркарска лига во светот да биде некој кој не е од Северна Америка, и оваа чест му беше доделена на српскиот стратег Игор Кокошков.

Воодушевени сме што го враќаме Кокошков во Аризона и тоа како тренер на „Санс“. Игор во текот на целата кошаркарска кариера беше пионер, и ни носи вистинско богатство на значајно кошаркарско искуство. Тој беше еден од првите луѓе кои се родени надвор од САД, а кој работел како тренер во конкуренција на колеџите и во НБА, а од неодамна и како селектор на Словенија победи на Европското првенство во 2017 година, што за земјата беше прва континентална титула. Игор секогаш се фокусирал на развојот на играчи, форсира креативен стил на игра и има голема низа на успеси зад себе , изјави генералниот менаџер на „Феникс“, Рајан Мекдонахју.

Кокошков, 46 годишен белграѓанин, ќе ги преземе „Санси“ веднаш откако ќе ја заврши сезоната со „Јута Џез“, каде што е помошник тренер, а која игра во полуфиналето на Западната конференција со „Хјустон“.

Во НБА лигата е веќе 18 сезони како асистент тренер, а работел во Феникс од 2008 до 2013 година. Покрај тоа, бил помошник на главните тренери на „Орландо“ во 2015. , „Кливленд“ 2013-2014, „Детроит“ 2003-2008 и „Лос Анџелес Клиперс“ 2000-2003. Со „Детроит“ во 2004 година ја освои шампионската титула и тогаш првиот неамерикански помошник-тренер кој се закити со шампионски прстен.

Освен на Словенија, Кокошков беше селектор и на Грузија(2008-2015) која ја одведе на Европско првенство за прв пат вво историјата на таа држава. Во 1999 година стана првиот Европеец кој добил постојано работно место во НЦАА тим, кога беше вклучен во стручниот штаб на тимот на Универзитетот Мисури.