Стотици дронови приредија спектакл над Кина

Кинеската компанија за производство на дронови, EHANG го обои ноќното небо со 1.374 летала кои во воздух менуваа бои и го соборија Гинисовиот рекорд на машини во воздух во исто време.

Перформансот се одржа над туристичкиот град Шиан во североисточниот дел на Кина, а беспилотните летала истовремено полетаа од старите градски ѕидини и создадоа 3D формација од различни бои.

Перформансот траел 13 минути, а кинеската компанија на тој начин ги престигна САД, која во текот на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг подигна 1.218 дрона.

https://youtu.be/4mHDDG3FCjs