Примената на 50 до 100 грама од боевиот нервен агенс би можело да ги убие целото население во јужниот англиски град Солзбери, коментира во петокот Леонид Ринк, еден од научниците кои работеле на системот за хемиско оружје „Новичок“, како што во Велика Британија се нарекува супстацијата со ознака А-234, разработувана во поранешниот Советски сојуз и во повеќе европски земји и САД.
„Ова е некој вид кошмар… Солзбери да е подвргнат на толкаво количество… Тоа е боев обем. Со тоа количество, не знам колку многу луѓе може да убиете“, изјавил Ринк кого го цитира агенцијата РИА.
Ова ги потврдува верзиите дека таткото и ќерката Скрипал биле отруени токму со овој конркетен хемиски состав, додава експерот коментирајќи го извештајот на весникот The New York Times, кој се повикува на челникот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), Ахмед Узумџу, дека дозата со којашто во англскиот град Солзбери во март беа отруени поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, изнесувала меѓу 50 и 100 грама.
Инцидентот се случи на 4-ти март, кога полицајци ги пронашле Скрипал на клупа пред трговски центар во Солзбери со симптоми на труење од нервен агенс. Тоа предизвика нов меѓународен скандал во кој Западот повторно ја нападна Русија, која негира каква и да е поврзаност. Лондон тврди дека во труењето на Скрипал со супстанцијата А-234 која Британците ја нарекоа „новичок“ удел има Москва.
Американскиот весник истакнува дека според Узумџу, споменатото количество од нервниот агенс е многу поголемо отколку што може да се произведе во лабораторија за истражувачки цели. Ова, според него, наводно значи дека супстанцијата, најверојатно, била произведена со цел да се користи токму како хемиско оружје.
„За истражувачки цели или за заштита се потребни, на пример, 5 до 10 грама, но во Солзбери може да е применето многу поголемо количество, точниот обем не е познат, ми беше кажано дека можело да изнесува 50 до 100 грама, што го надминува обемот за истражување или за подготовка на заштита“, го цитира весникот Узумџу.
„Важно е да се напомене дека супстанцијата од нервниот агенс, очигледно, е многу стабилна. На него не влијаеле временските услови. Точно тоа објаснува зошто ни успеа да го идентификуваме и по изминувањето на значителен временски период. Разбираме дека била со висок степен на чистота“, додва Узумџу.
Ова е во спротивност со тврдењата на еден од советските научници кои работеле на развивање на агенсот кој со децении живее во САД кој претходно во април за медиумите изјави дека среќата на Скрипал што релативно без поголеми последици го преживеале нападот се должи на тоа што оваа супстанција е нестабилна и на неа влијаела влажната клима во тој дел на Англија.
Шефот на OPCW констатира дека оваа доза од нервниот агенс може да се испрска со аеросолна конзерва. Додава дека „преземајќи неопходни мерки на претпазливост, може да се користи во течна форма“. Според Узумџу, експертите на OPCW собрале примероци од супстанцијата од кваката од влезната врата на домот на Скрипал, во паркот, а исто така и „на редица други места, каде што престојувале Скрипал“.
Узумџу истакнува дека во OPCW во јули или октомври ќе биде донесена одлука за вклучување на нервнот гас на листата супстанции коишто се под надзор на организацијата.