Орбан: На мигрантите не треба да им се даде ниту цент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека не го поддржува предлог- буџетот на Европската унија, со кој се предвидува намалување на парите за земјоделците, истражувањата и регионалниот развој, а се зголемуваат средствата за земјите кои прифаќаат мигранти.

Орбан во интервју за јавното радио рече дека очекува преговорите за буџетот на ЕУ да потраат и истакна дека заедничкиот седумгодишен буџет мора да биде едногласно усвоен.

– Се додека Унгарците не дадат зелено светло, нема да има буџет, рече тој.

Според него, на мигрантите не треба да им се даде „ниту еден единствен цент“, а релевантна поддршка треба да обезбедат членките од сопствените буџети.

МИА