
Десетици илјади граѓани учествуваа во Глазгов на маршот за независност на Шкотска. Организаторите на маршот “Сите под едно знаме”, кој се одржува еднаш годишно, претходно изјавија дека се надеваат дека во маршот ќе учествуваат 40.000 лица, но подоцна изјавија дека според првичните проценки, во маршот учествувале 80.000, пренесува ББЦ.
Од друга страна, полицијата објави дека 35.000 луѓе учествувале на маршот.
Tens of thousands of Scottish independence supporters take part in a march through Glasgow https://t.co/jd8lsAMFZW pic.twitter.com/87a6SDMH93
— BBC Scotland News (@BBCScotlandNews) May 5, 2018
Овој настан е само еден од многуте одржани низ Шкотска.
Маршот е именуван по организаторот, организацијата „Сите под едно знаме“ која се залага за независност на Шкотска, а чија цел е маршот да се одржува се додека Шкотска не стане „слободна“.
Еден од организаторите, Нил Макеј, рече дека се надева оти вториот референдум за независноста на Шкотска од Велика Британија ќе се одржи наскоро.
Се надеваме дека референдумот ќе се одржи пред 2021 година, кога Брегзит ќе заврши. Ние сме подготвени и ние ќе работиме ова секоја година низ Шкотска, рече тој.
Според извештаите, за време на маршот се пушта музика и се држат говори, на кои учесниците на маршот ги покануваат шкотските граѓани да „земат знамиња, транспаренти, свирчиња и тапани”.