Момче загина во сообраќајка кај Богородица

Жител на селото Богородица загина кога автомобилот што го возел удрил во банкина, утрово кај Богородица.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот на делницата од автопатот Граничен премин Богородица- Гевгелија.

Тогаш автомобил „мерцедес“ што го управувал М.К.(27) од село Богородица удрил во металната заштитна ограда. Во несреќата на самото место починал М.К., додека сопатникот М.П. (26) од Богородица бил тешко повреден. Тој како итен случај со возило на Итна медицинска помош од болницата во Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.