Измамници ги одраа скопските пензионери

Скопските пензионери во изминатиов период се на удар на криминалци и измамници, кои изнаоѓаат секакви начини да ги ограбат наивните граѓани. Полицијата информира за два случаи викендов во кој двајцата скопјани останале без околу 50.000 денари.

Во првиот случај жртва на измамници бил  Д.А.(91) кој во петокот одел кон својата викендичка во село Катланово. Тој  околу 7 часот  се движел по стариот пат кон Велес кога во непосредна близина на надвозникот на реката Пчиња бил пресретнат од автомобил. Од возилото излегло непознато лице на возраст од 50 до 55 години, кој на Д.А.  му понудил „златен“ прстен на продажба. Тој наводно бил во зорт, па му требале пари, па старецот го купил прстенот за 500 денари. Непознатиот се вратил во автомобилот, а од воилото излегло женското лице на возраст од околу 60 години. И таа му понудила на продажба уште три прстени и нараквица со златна боја по ефтина цена. Старецот немал повеќе пари па ја одбил понудата. Тогаш имамничката го забележала неговиот прстен на десната рака и му рекла дека сака да го види по што во еден момент му го извадила од неговиот прст. Таа со прстенот се вратила во возилото, а на Д.А. му ги оставила  трите прстени и нараквицата по што си заминале со автомобилот.

Во вториот случај настрадал Б.Т.(79) од село Волково. Вчера околу 17 часот во неговиот двор дошло непознато лице кое се претставило како продавач на огнено дрво. Измамниот се понудил да му донесе  шест метри кубни сечени огревни дрва ако Б.Т. веднаш му исплател 13.800 денари. Старецот прифатил па заедно тргнале кон село Орман каде што наводно биле дрвата. По кратко време изманикот се одвоил од Б.Т. со изговор да земел пила, но тој се вратил во куќата на старецот и на неговата сопруга и рекол да ставела кафе за да се напијат кога ќе ги донеле дрвата со нејзиниот сопруг. Само таа прво треебало да ми ги даде парите кои ги договориле за продажбата. Жената му дала 13.800 денари, а измаамникот ги зел и заминал во непознат правец. По извесно време Б.Т. се вратил дома, а сопругата му кажала дека на дрварот  веќе му ги дала парите.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пред една недела двајца скопски пензионери останаа без пензиите, откако измамници им се претстваиле како вработени во банките од кои ги подигнале парите, па побарале од нив да ги вратат парите.