Домаќин на самитот Трамп – Ким во јуни веројатно во Сингапур

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун веројатно ќе се сретнат во јуни во Сингапур, се наведува во понеделникот во медиумските извештаи додека траат нагаѓањата за тоа каде ќе се одржат разговорите без преседан на двајцата контроверзни лидери по затегнатите односи кои по низата севернокорејски нуклеарни и балистички тестови и острите американски реакции доведоа до работ на воен судир.

Доналд Трамп во текот на изминатиот викенд изјави дека двете страни го договориле местото и времето на средната, првиот кој ќе се случи меѓу челници на САД и на Северна Кореја, но не наведе поединости за тоа. „Наскоро и тоа ќе го објавиме“, рече американскиот претседател.

Оваа извонредно важна средба на врвот би требало да се случи кон „средината на јуни“, пишува во понеделникот јужнокорејскиот дневен весник Chosun Ilbo, повикувајќи се на дипломатски извори кои го цитираат советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон.

Весникот натаму наведува дека можноста овој историски состанок да се одржи во Сингапур е „се’ поголема“ по неодамнешната средба на Доналд Трамп со претеседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин и Белата куќа, но весникот во врска со тоа не наведува никакви подетални појаснувања.

Според локалните медиуми, советникот Болтон се сретнал кон крајот на минатата седмица во Вашингтон со својот јужнокорејски колега Чунг Еи-јон за да расправаат за плановите за одржување на самитот. Јужнокорејската новинска агенција Yonhap, исто така, во текот на викендот најави дека е утврдено оти Сингапур ќе биде локацијата на којашто ќе се случи историската средба меѓу двајцата лидери.

Претходно Трамп ја најави можноста средбата да се случи во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, којашто би, како што истакнуваше, исто така, би можело да биде соодветно место за самитот. Меѓу другите можни домаќини на средбата на врвот се споменуваа Монголија и Швајцарија.

Подготовките за овој значаен состанок кој би требало да има силен одек на мирот и безбедноста во овој дел од светот ги покрена минатомесечниот состанок на челниците на двете Кореи, н кој се обврзаа да продолжат со целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и постигнување на формален мировен договор меѓу двете земји со кој конечлни и формално би се ставил крај на Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година.

Северна Кореја понуди дека овој месец ќе ја затвори локацијата на којашто се изведуваат нуклеарни тестови, па и дека ќе им овозможи на американски експерти во врска со тоа во врска да изведат надзор.

Речиси секојдневните настани се помалку драматични, но значајни чекори кон приближувањето на двете Кореи, како што е поместување на часовниците, изведено во саботата, со кој часовници во Северна Кореја се придвижија 30 минути нанапред за да бидет усогласени во оние во Јужна Кореја.