
Русија ќе биде силна, а луѓето ќе живеат подобро. Историјата не простува само едно- рамнодушност и недоследност. На Русија и треба пробив во сите сфери и тој исчекор може да го обезбеди само слободното општество, изјави рускиот претседател Владимир Путин Путин за време на неговата инаугурација во Кремљ.
Путин положи заклетва пред околу 5.000 гости во претседателската палата и ќе управува со земјата и во следните шест години.
Русија научи да ги брани своите интереси и ја гордоста за својата татковина. Менувајќи се заедно со светот, Русија не смее да ја заборави својата историја, нејзината суштина и нејзиното единство. Никакви бариери или околности не смеат да ја спречат Русија да ја определи сопствената иднина, рече Путин.
Тој додаде дека Русија треба да биде модерна и динамична, храбро да ги прифати предизвиците на времето и да го зајакне своето лидерство во сферите каде што е традиционално силна.
На инаугурацијата присуствуваа и рускиот петријарх Кирил, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, како о американски актер со руско државјанство и одличен пријател на Путин, Стивен Сегал.
Две детали од инаугурацијата на Путин го привлекоа вниманието на медиумите.
Имено, во еден момент за време на телевизискиот пренос беше прикажан Путин како ја напушта својата канцеларија, која јавноста немаше многу можност досега да ја види. Неговата канцеларија е лоцирана во зграда во близина на Големата палата во Кремљ. Вториот детаљ е поврзан со заминувањето на Путин надвор од зградата, кога за прв пат јавно влегува во новиот државен автомобил за прв пат.
Станува збор за автомобилот „Кортеж“, дел од проектот на Русија кој предвидува производство на блиндирани автомобили за транспорт на водечките луѓе во земјата. За проектот во 2016 година беа доделени 47 милиони евра. Во рамките на проектот се развиени четири вида на автомобили: лимузина, седан, теренец и миниван. До 2020 година се планира зголемување на обемот на производството на четири до пет илјади автомобили од сите видови.
За Путин ова ќе биде четврти претседателски мандат откако на изборите кои се оддржаа на 18 март, постигна убедлива победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години. Путин е поранешен агент на КГБ и прв пат дојде на власт во 2000 година, заменувајќи го Борис Елцин на функцијата претседател