Ние сме лудаци другари

Колумнистот Ивор Мицковски и поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, на својот Фејсбук профил остро регираше на одлуката на премиерот Зоран Заев да го назначи Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, како советник за безбедност. Мицковски и со коментар за назначување на сестрата на Катица Јанева за директор во КХВ.

Заев го ресоцијализирал Хоџа, па каже: „Со таа плата ќе може да го нарани и своето многучедно семејство, така да тука има и една социјална димензија“. – Ние сме лудаци другари.

Аналитичарот Марковски ја кажа најпаметната работа денес. Со поставување на Хоџа и објаснувањето на Заев дека тој ќе помогнел во случај на ектремисти, Заев го стави Хоџа над сите наши безбедносни институции и поединци.

Во кабинетот на Заев има тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни соработници. Или поинаку кажано, Заев има 56 советници.

Добро е, напредуваме, сестрава на Јанева барем пари за фризерски салон добила.
Пола директори и градоначалници ни се без ден работно искуство.