Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе ја објави одлуката дали САД ќе се повлечат од договорот на шестте светски сили и Иран, со кој Техеран во 2015 година се обврза дека ќе ја суспендира нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите.
Трамп на својот профил на Твитер објави дека ќе ја објави својата одлука во 14 часот по локално време и ќе се обрати од Белата куќа.
Претседателот на САД претходно се закани дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор така што нема ја продолжи валидноста на укинатите санкции кон Иран, која истекува на 12 мај, освен ако европските држави потписнички не ги корегираат , како што рече , “недостатоците” на тој договор.