Барди му дише во врат на Меси

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска го постигна петтиот гол од слободен удар за „Леванте“ оваа сезона во Примера, во победата од 3:0 против „Леганес“ . Тој влезе во клупската историја бидејќи ниту еден фудбалер на „Леванте“ не успеал да постигне толку голови од слободен удар во една сезона.

Тоа му успеа во 59 минута откако со удар по земја го измами голманот на влажниот терен и дождливото време. Сите досегашни голови кои ги постигна од прекин беа ремек-дела во кои Барди ги бараше аглите кои не ги бранат голманите, но вечерва  ја смени тактиката.

https://youtu.be/G3qqikZCTdI?t=3

Македонскиот репрезентативец е вистински крал на слободните удари бидејќи од седумте постигнати голови во својата деби сезона во Примера, само два му се од игра.

Многу ретко се случува некој во една сезона да постигне толку погодоци од слободен удар.

Оваа сезона Барди има пет гола од слободен удар, а Меси шест. Претходно во Примера, Роналдињо во сезоната 2006/2007 дал шест гола.