
Витни Беселер од Австралија не се прославила со своето знаење во прочуениот квиз “Кој сака да биде милионер”, а иако водителот и дал втора шанса, таа и понатаму самоуверено го бирала погрешниот одговор.
Кој од понудените не симболизира врска меѓу двајца луѓе, било прашањето.
Понудените одговори биле: Веренички прстен, прстен за годишнина, бурма и бургер прстен. Витни го избрала прстен за годишнина.
Ќе го изберам прстенот за годишнина, иако бургер прстен звучи интересно” кажала таа самоуверено.
Иако водителот суптилно ја корегирал и ѝ дал втора шанса, Витни го игнорирала и цврсто се држела до својот одговор.