Фергусон се разбудил од кома

Сер Алекс Фергусон(76) се разбудил од кома по оперативниот зафат и излив на мозокот што го доживеал во саботата, јавува „Дејли меил“. Веста на респектабилниот и реномиран медиум ја пренесе речиси целокупната англиска спортска јавност, во која уште е пренесена и првичната реакција која ја имал Фергусон.

Здравствената состојба на Сер Алекс Фергусон значително се подобрила во изминатите 24 часа, па големиот фудбалски стратег веќе почнал и да комуницира со своите најблиски во болницата „Салфорд ројал“.

Тој беше опериран по претрпениот мозочен удар, првите прогнози не беа најпозитивни, но Сер Алекс по се изгледа го мина најлошото.

Непосредно откако се разбудил, Ферги бил контактибилен и почна да зборува со своето семејство, а меѓу првото што побарал биле воведните резултати кои ги направиле докторите.

Начинот на кој Фергусон реагираше на првите третмани ги охрабрува неговите најблиски. Во секој случај, тие се свесни дека патот до целосната рехабилитација ќе биде долг и бавен, пишува британскиот весник.