
Реакција за двајцата советници на премиерот Заев, Џезаир Шаќири и Љубе Бошковски пристигна и од амбасадата на САД во Скопје.
Од таму, за ТВ21 потврдуваат дека изразиле загриженост поради новоименуваните функционери кои се наоѓаат на црната листа на САД.
Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во Америка поради националната безбедност, пишува во соопштението на Американската амбасада во Скопје.