Ауди канцеларот стана Господар на прстените

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер на 74-годишна возраст се ожени по петти пат со 25 години помладата соработничка, Јужнокорејката Со Јеон Ки, директорка на германска филијала на агенција за развој од Сеул.

Само ден по присуството на инаугурацијата на блискиот пријател рускиот претседател Владимир Путин, каде што новинарите на неговата рака повторно забележале веренички прстен, извори блиски на поранешниот германски канцелар Герхард Шредед ја потврдиле информацијата за венчавката, но од канцеларијата на Шредер не сакале да комнетираат. Не е објавено ниту каде била одржана венчавката.

Германкиот дневен весник Neue Presse во вторникот објави дека големата свадбена прослава за избрани гости ќе се одржи во берлинскиот хотел „Adlon“ во октомври.

Шредер минатата година стана член на управата на рускот нафтен гигант „Роснефт“, а во април се разведе од четвртата сопруга Дорис Шредер- Кеп. Двојката подолг период живееше одвоено.

Во германските медиуми долго време Шредер го нарекуваа „Ауди канцелар“ поради неговите четири брака и алузијата со заштитниот знак на германскиот автомобилски гигант, односно четирите кругови кои наликуваат на прстени.

Првпат Шредер се оженил во 1968 година на 24-годишна возраст со Ева Шубах. Бракот траеше четири години. Многу брзо по разводот се венал со Ане Ташенмахер. Во овој брак се задржа 12 години, во кој првпат беше избран во Бундестагот како претеник од Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Од втората сопруга се разведе во 1984 година и во истата година се ожени со Хилтруд Хампел. Во време на овој брак одреботи два мандата како премиер на сојузната покраина Долна Саксонија, од 1900 до 1998 година.

Во 1997 година се разведе и од хемпел и набрзо се ожени со новинарката Дорис Кеп, Тогаш имаше 53 а Дорис 34 годна. Од овој брак имаат две посвоени деца, девојченце и момченце од Русија.

Од Дорис, којашто во меѓувреме активно влезе во политиката, се разведе по 19 години брак. Четвртата госпораѓа Шредер за медиумите тогаш изјави дека идната петта сопруга била една од причините за нивниот развод.

Така, некогашниот канцелар очигледно го губи досегашниот прекар „Ауди канцелар“, но вториот „Господар на прстените“ дополнително го збогати.