ВИДЕО: Немилосрдна сеча на дрвја во Карпош 4

Карпошани утринава се вознемирени од сечењето на дрвја на улица „Волгоградска“.
Според нивните коментари, дошле комунални инспектори и започнале со сеча на дрвјата. Дел од граѓаните велат дека се работи за поставувавње на инсталација од цевки, а останатите се сомневаат дека се отвора нова градежна парцела.

Тие се револтирани од односот на градоначалникот Стефан Богоев и се чувствуваат измамени бидејќи им ветил дека ќе се зачува зеленилото во оваа општина.

На ова место има продавничка што е „времен објект” а постои 30 години и сега некој ја добил локацијата по едно евро квадрат, и кај и да е ке никне 12 катница, коментираат граѓаните

 

 

https://www.facebook.com/danijela.petrusevska/videos/g.883203825068334/2448646181827647/?type=2&theater&ifg=1