Штипјанец загина во сообраќајка

Штипјанец загина во сообраќајка вчера во Штип, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15.30 часот на улица Железничка,  во близина на влезот од железничката станица. Тогаш Г.К. (67) од село Сарчиево, управувајќи автомобил „пежо партнер“  изгубил контрола врз возилото.

„Пежото“ излетало од патот и удрило во сообраќаен знак, а Г.К. почоинал на самото место.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.