Казнети уште 23 моторџии

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти, информираше МВР.

Контролите во текот на изминатата ноќ, од 19 до 1 часот имаше на улиците Џон Кенеди, Лазо Трповски, Втора Македонска бригада, Христијан Тодоровски Карпош, Цветан Димов, Митрополит Теодосиј Гологанов и булеварите Јане Сандански, Партизански одреди и Србија.
Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19,00 до 01,00 часот на 09/10.05.

Полицијата  презела 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица “Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.
Како што МВР веќе информираше во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.