
Секоe второ дете во Македонија се воспитува со ќотек, предупреди УНИЦЕФ. Според претставникот на организацијата во земјава тепањето им штети на нивниот психофизички развој. Почесто се разболуваат, а голем дел од нив стануваат криминалци.
-Тие деца во школо поспоро учат, вокабуларот им е послаб од децата кои доаѓаат од функционални семејства, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.
Од ЕУ сметаат дека сериозна е состојбата со насилството врз децата во земјава. Министерката за труд и социјала признава дека многу често сите гледаме физичко малтретирање на деца од страна на родителите, но премолчуваме.
– Јас многу пати сум била сведок кога родител ќе го потчукне детето, ќе го потскубне, па дури и ќе го потклоцне и тоа се случува на јавни места, во училиштата и во градинките, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
Иако тепањето на децата е честа слика минатата година во полиција имало само 903 кривични пријави за семејно насилство.