Момче донесено мртво во болница

Осумнаесетогишно момче е донесено во четвртокот вечерта во кочанската болница, каде што лекарите можеле само да констартираат смртен исход, но засега нема информации за причините за оваа трагедија.

На 10.05.2018 година во 19:30 часот во Здравствен дом Кочани, од страна на родителите донесен бил починат нивниот син, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, во кое починатото лице е идентификувано како 18-годишниот В.С. од Кочани.

По наредба на Јавен обвинител над починатото лице ќе се врши обдукција и ќе се врши увид во домот каде починал.