
Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани уште еднаш потврди дека ќе се обиде на крајот од актуелната сезона да ја продолжи соработката со моментално позајмените фудбалери Адел Тарабт и Адил Рами.
Тарабт е во сопственост на лондонскиот второлигаш Квинс Парк Ренџерс, додека Рами е во сопственост на шпанскиот прволигаш Валенсија.
„Тарабт и Рами? Да, сакаме да ја продолжиме соработката, сакаме да ги откупиме нивните договори. Но нема многу да зборам на оваа тема, колку што зборам толку им расте и нивната цена. Ако зборам, нема да добијам попуст од челниците на Валенсија и од тие на Квинс Парк Ренџерс. Ние сме задоволни и од играта на Тарабт и од играта на Рами”, изјави главниот оперативец на “росонерите”.