
Битолчанец се самоубил со пушка, информираше МВР.
Според полицијата, самоубиството се случило вчера околу 11.15 часот во село Карамани. Тогаш П.Ѓ. (57) во својот дом испукал еден патрон во градите од ловна пушка „Бајкал“ калибар 12 милиметри, сопственост на неговиот син.
Тој починал на самото место. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.