
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против М.Б. (56) од с. Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата”.
Петнаесетгодишен ученик во основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, заедно со неговиот стрико Б.И.(38), пријавиле дека на 13.3.2018 година околу 11 часот , на час по историја, со рака бил удрен од наставникот.
Според пријавителот, наставникот без причина го удрил по задниот дел од главата, од што малолетникот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби. Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.