
Кривичниот суд му дозволи на Специјалното обвинителство да предложи нови докази во случајот Тенк. Иако одбраната се противеше судијката го одобри предлогот.
Освен СЈО, докази презентирааа и адвокатите на обвинетите за набавката на лускузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Во овој случај обвинети се екс помошникот министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски и поранешниот премиер, Никола Груевски. Постапката поради ризична бременост беше одвоена за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска.