
Предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи на 17 мај со завршни зборови на одбраната и на СЈО. Во „Тенк“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Денеска во текот на расправата судечкиот совет ги прифати новите докази на СЈО, меѓу кои е и доказот добиен со замолница за меѓународна правна помош, доказ кој се однесува на електронска комуникација меѓу компанијата „Дајмлер бенз“ и „Мак Ауто Стар“. Содржината на новите докази не беше презентирана.
Тројцата се обвинети за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. Постапката за Јанкулоска е издвоена поради ризична бременост.
(МИА)