
Тетовец бил фатен со фалсификувани дански круни, информираше МВР.
Станува збор за Л.С. (26) против кого е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со фалсификување пари.
Според полицијата, тетовецот на 20.11.2017 година на „Зелениот пазар” во Тетово купувал цигари кои ги платил со фалсификувана банкнота од 1.000 дански круни.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени банкнота од 1.000 дански круни и банкнота од 20 евра, преносен компјутер и бела принтер хартија. Од истрагата било утврдено дека Л.С. не ги фалсификувал парите, па му е поднесена кривична пријава за помагање.